Промоција на првата генерација слушатели на програмата за јапонски менаџмент на квалитет

Одборот на Програмата за професионална обука за менаџмент на квалитет и конкурентност и ЦЕИ – Центарот за економски истражувања при Економскиот факултет-Скопје, УКИМ денеска ќе ја промовираат првата генерација слушатели на професионалната тренинг програма „Quality Management and Competitiveness”.

Програмата за професионална обука за јапонски менаџмент на квалитет и конкурентност е организирана во соработка со Универзитетот за национално и светско стопанство (UNWE) од Софија, Универзитетот од Нагасаки од Јапонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и Економскиот Факултет при УКИМ.

На промоцијата, како што е најавено, треба да се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски, амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот