Промоција на млади уметници во Тетово преку проектот „Секогаш активни млади и во тешки времиња”

„Секогаш активни млади и во тешки времиња” е насловен проектот на Институт за лидерство и јавни политики во Тетово, подржан од Британската Амбасада во Скопје, во чии рамки се одржа пригодна активност во дворот на основното училиште „Лирија “. Настанот е со цел промоција на млади уметници.

– Мило ми е што сум тука, во ова време на пандемија кога животот на сите, а особено на младите е пред голем предизвик. Младите сега не ги имаат нормалните можности да излегуваат да ги видат своите пријатели и да се поврзат со луѓето и да бидат дел од заедницата. Овој проект нуди можност тие да покажаат дел од своите таленти, а младите воедно имаат можност да позборуваат  меѓусебе и така да се развиваат. Се надевам дека младите од ова ситуација ќе излезат посилни и со тоа да покажат дека се иднината на оваа земја. Британската амбасада е горда што има можност да работи со овие млади луѓе во ова време, истакна Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Северна Македонија.

Извршниот директор на Институт за лидерство и јавни политики, Пранвера Касами истакна дека поддршката на Амбасадата на Велика Британија преку програмата наменета за соочување со промените поради пандемијата е од голема значајност.

– Поготово за луѓето од младата возраст кои се во ризик од страничните влијанија на изолацијата и несоцијализирањето. Држењето на ефективен и креативен дух и во тешки времиња е неопходно за психолошко здравје на популација на долг период, истакна Касами.

Проектини активности на младите ќе се емитуваат по медиумите и социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот