Промоцијата на книгата „Маги – Како да беше некогаш“ од Душан Весиќ ќе се одржи во „Котур“
Издавачката куќа „Полица“ на 15 октомври, во 20 часот, во кафе и филм „Котур“ организира музичка промоција на книгата „Маги – Како да беше некогаш“ од Душан Весиќ.
Препорачано
Магијата на легендарната група „Екатарина Велика“ (ЕКВ) и нивната музика ги одбележаа 90-тите години од минатиот век, а книгата ѝ оддава почит на Маргита Стефановиќ – Маги, жената што остави длабок печат врз југословенската рок-сцена.
Книгата „Маги – Како да беше некогаш“ е интимно и искрено сведоштво за животот, љубовта, музиката и светлината што ги ширеше Маги, како и за болката што ја криеше зад клавијатурите. Преку сеќавања на блиските луѓе на Маги и на оние со кои работела, авторот нè води низ спомени, интервјуа и нераскажани приказни за жената што беше симбол на креативност, храброст и трагичност.
На промоцијата ќе има и 10-минутна проекција од документарниот филм „Како да беше некогаш“ од Душан Весиќ.
Промотори на книгата ќе бидат нашиот врвен музички и рок-новинар Тошо Филиповски и Наташа Мечкароска-Симјаноска, уредничка на книгата. За да биде магијата целосна, ќе настапи и бендот „ЕКВ акустик трибјут“.


