Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски.

Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и го опфаќа животниот и професионалниот пат на Тони Баталаковски, низ поројот на настани, судбински предизвици и остварени соништа.

Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска дејност, педагошката и репетиторската работа, како и бројни сеќавања за ликот и делото на уметникот.

Како првенец на Балетот и како прв директор при тогашното МНТ – ООЗТ Балет, Тони Баталаковски со својата визија и посветеност остави длабок и траен белег во институционалниот и уметничкиот развој на македонскиот балет. Монографијата „Мојот пат“ претставува сведоштво за едно време, една професија и една исклучителна животна мисија, оставена како трајно културно наследство за идните генерации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот