Променливо време со повремен дожд и ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот во западните делови со повремен дожд. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната осум до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

До сабота ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, позастапени во западните и северните делови. Во петок ќе дува засилен ветер од југозападен правец, во сабота ќе го промени правецот во северозападен и ќе предизвика опаѓање на температурите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот