Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На ново креиран Јутјуб профил е прикачена видео снимка потпишана „Заев зема рекет од 6 милиони евра!“.

Кога се споменуваат парите, гласот за кој се тврди дека е на лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели „мaрш“, а во видеото е пишано како „Важи јас влегувам во оваа работа“, со што се остава впечаток дека тонскиот запис е монтиран и заборавено е да се отстрани делот со „мaрш“ за да се прикаже дека тој земал рекет.

На снимката може и да се слушнат неколку нагли прекини со нелогични реченици.

Во снимката може и да се чуе Заев како го споменува адвокатот Васко Димишков, брат на судијката Димишкова.

„Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат и. Совети ми даде, што да правам, бара пари. Значи и он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра. Викам марш, јас влегувам во оваа работа“, се слуша гласот на Заев во краткиот монтиран исечок од 12 секунди.

Адвокатот Димишков инаку беше сведок и во случајот „Рекет“, а неговата сестра му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Империја“ и му го продолжи.

Снимката слушнете ја тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот