Проговори за несреќата која ја направи неговиот син: Не ми го чепкајте семејството

профимедиа

Српскиот актер и режисер, Драган Бјелогрлиќ (56) го привлече вниманието на јавноста откако на прес конференцијата прв пат проговори за сообраќајната несреќа која ја направил неговиот син Алексеј. Иако несреќата се случила пред повеќе од една година, веста дури сега исплива во медиумите.

Тогаш 18-годишниот Алексеј управувал со автомобилот без дозвола и налетал на мотоциклист и притоа потешко го повредил. Според пишувањето на српските медиуми, синот на Бјелогрлиќ наводно на повредениот маж (39) му платил околу 1300 евра за да ја избегне затворската казна.

Бјелогрлиќ пак смета дека на овој начин некој му се осветува. Уверен е дека текстовите се објавени 14 месеци по незгодата најмногу поради тоа што во неколку наврати, во пресрет на втората сезона на серијата „Сенки над Балканот“ без влакна на јазикот проговори за состојбата во општеството.

– Овие отрови во иднина упатувајте ми ги на мене, јас сум тука со име и презиме, не ми го чепкајте семејството, децата, не само на мене, на никого, на ниту една јавна личност, политичар од било која страна – изјави Бјелогрлиќ кој на конференцијата пристигна во друштво на адвокатот Горан Драганиќ.

– Свесен сум дека не сум ниту прв ниту последен, но за жал на оние кои ги воспоставија методите за застрашување и замолчување на слободоумните луѓе, кои и да се тие, јас дојдов да им кажам дека не се уплашив, додаде тој.

инстаграм

Тој ги демантираше и информациите дека Алексеј побегнал од местото на несеќата.

– Повикал Итна помош, бил покрај повредениот и му предложил со него да оди во Ургентниот центар но тој го одбил. Тогаш дојде дома, ми кажа што се случи, отидовме заедно во Ургентниот центар, а потоа во полициска станица Врачар, каде се пријави, откри тој.

Тој истакна дека до него пристигнале информации дека се подготвува текст за неговата ќерка, а револтиран од целата ситуација се послужи со еден цитат од една своја серија „Вие кои мислите дека Србија е само ваша. Сте се за*бале, малку е и моја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот