Келн, Германија / Фото: huber, Panther Media GmbH / Alamy / Profimedia

ФОТО | Прогласена е најисплатливата дестинација за патување во 2026 година

Според податоците на познатата страница за споредба на летови „Скајскенер“, германскиот град Келн моментално е најисплатлива дестинација – цените на летовите се речиси преполовени во споредба со минатата година. Анализирајќи ги просечните цени на повратни карти за 2025 во однос на 2024 година, „Скајскенер“ состави листа на десет светски дестинации со најголем пад на цените, а на врвот се најде токму овој историски град на реката Рајна, пренесува „Дејли мејл“.

Цените на летовите до оваа популарна градска дестинација се поевтини за импресивни 44 проценти. Келн се гордее со своето културно наследство, готска архитектура и модерна уметничка сцена, а воедно е и лесно достапен. По пристигнувањето, посетителите можат да ја разгледаат катедралата „Келнер Дом“ (под заштита на УНЕСКО), да ги посетат локалните пивници, музеи и галерии или едноставно да прошетаат покрај реката – сето тоа со релативно ниски трошоци. „Скајскенер“ ја препорачува февруари како идеален период за посета, особено поради прочуениот Келнски карневал. Од недела, 15 февруари, до вторник, 17 февруари 2026 година, градот оживува за време на „Фастеловенд“ – народен фестивал со улични паради, забави и традиционални прослави кои му претходат на Пепелната среда.

Гоа, Индија / Фото: Matthew Williams-Ellis / VWPics / Profimedia

За патниците што сакаат да избегаат од зимата и да уживаат на егзотични плажи во почетокот на 2026 година, „Скајскенер“ ја наведува индиската Гоа како втора најповолна дестинација. Цените на летовите кон оваа сојузна држава паднале за 34 проценти, а Гоа е позната по својата опуштена атмосфера, сонцето, морето и извонредната морска кујна.

На третото место е Каунас, живописен град во Литванија, до кој летовите се поевтини за 31 процент во споредба со 2024 година. „Скајскенер“ го опишува како идеален избор за љубителите на културата што бараат нешто помалку познато. Градот нуди богата историја, замоци од 14. век, шармантен стар град и развиена гастрономска и уметничка сцена.

За оние што не сакаат да ја чекаат 2026 година, Келн е одличен избор и на крајот на оваа. Цените на летовите за посета на неговите прочуени божиќни базари значително се намалени, а некои едносмерни летови од лондонските аеродроми се достапни за околу 16 евра. Келн е познат по неколку уникатни божиќни пазари. Главниот се одржува кај катедралата и е препознатлив по својата историска позадина, додека „Алтер Маркт“, покрај Рајна, е тематски посветен на легендата за џуџињата Хајнцелменшен. Популарен е и „Неумаркт“, инспириран од ликот на Свети Никола, со богата осветлување и весела празнична атмосфера.

Најповолни туристички дестинации за 2026 година:

Келн, Германија
Гоа, Индија
Каунас, Литванија
Берген, Норвешка
Мадеира, Португалија
Сантијаго де Компостела, Шпанија
Тбилиси, Грузија
Отава, Канада
Мурсија, Шпанија
Пном Пен, Камбоџа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот