Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот на Палевски за убиствата, истрагата не е целосно завршена

Осомничениот Љупчо Палевски - Палчо со убиените Вања и Панче / Фото Колаж на СП / Социјални мрежи

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот „Климент Охридски“ во врска со грозоморните убиства за кои првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо, вели дека доколку не се открие мотивот, истрагата не е целосно завршена, во гостување на телевизија Телма.

„Ако не го одговориме мотивот, не сме ја завршиле целосно истрагата. секако дека има и пропусти и многу отворени прашања за коишо се надеваме дека во понатамшшната фаза на истрагата ќе дојдеме до одговорите и ќе го заокружиме како процес комплкетно. Како дел од недостатоците е дека сипеа пвоосмничениот дс побегне, што за жал на институциите не е првиот што ја напуштил државата, знаачи тоа укажува на пропусти во водењето на истрагата во самото МВР, кадешто најверојатно некој доушник му кажал дека полицијата е на траг. Се затвора круготи и постои опасност од ваше приведување, што значи нарушено е основното начело во работењето на криминалистиката, а тоа е начелото на конспиративност“, рече професорот Марјан Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот