Професори од средното уметничко алармираат: 15 колеги се заболени, а директорот воведе настава со физичко присуство

Лазар Личеноски

Професори од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје преку допис до јавноста се жалат од раководењето на в.д. директорот Филип Фидановски, кој, како што велат, вовел настава со физичко присуство во услови кога заболени од ковид-19 се 15 професори.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека в.д. директорот Фидановски во овие услови на пандемија со над 50 починати дневно и забрана за групирање повеќе од 4 лица воведе осумчасовно работно време за професорите и повторно воведе настава со физичко присуство. Сето ова во услови на заболени 15 професори. И самиот в.д. директор е заболен и не доаѓа на работа, но од дома се чини полесно му е да дава наредби“, се наведува во соопштението, кое е потпишано од 20 професори во средното уметничко училиште.

Според нив, в.д. директорот не раководи со училиштето, туку, како што велат, „владее тотално диктаторски“.

„Иако советот на родители писмено реагира против настава со физичко присуство, в.д. директорот не сакаше да ја стави оваа точка на дневен ред на последниот наставнички совет. Тој не дозволува конституирање училиштен одбор, иако се избрани претставници од професорите и родителите преку советот на родители. Тој ова го прави бидејќи неговиот мандат истекува за еден месец, а почнувањето на постапката за избор на директор во согласност со Законот за средното почнува три месеци пред истекот на мандатот“, посочуваат професорите во дописот до јавноста.

Тие исто така нагласуваат дека за овие проблематики досега повеќепати имаат реагирано до Инспекторатот, министерката и премиерот.

„Тој не сака или не знае да соработува со колективот. Поддршката на своето владеење уште на самиот почеток ја бара само во Министерството, односно кај моќниците што се на позиција, наместо да ја бара во колективот. Не умее или не сака да ја негува култивираната комуникација ниту во соработката со родителите ниту со учениците“, нагласуваат загрижените професори потпишани во дописот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот