Проф. Спиридонов: Од вторник повторно невреме со грмотевици
Викедов ќе биде стабилно, а од вторник, втори јули повторно ќе има невремиња со грмотевици, вели за „Слободен печат“ професор доктор Владо Спиридонов.
Препорачано
– Денес постепено ќе стивнува атмосферата. Влијанието на висинскиот циклон и придружните нестабилни и влажни бранови, кои предизвикаа екстремно неповолни временски влијанија во југоисточна Европа и посебно Македонија, ќе слабее- вели Спиридонов.
ВИДЕОИНТРЕВЈУ | Проф. д-р Спиридонов: Нè очекува долго топло лето со локално невреме
Според него, можна е само локална нестабилност.
– Можно е само локално кревање на воздухот и помала нестабилност потпомогната од орографијата претежно во источните и југоисточните делови. Алатката NOTHAS прикажува Ниво-2 (слаб ризик од невреме) додека само локално не се исклучува изолиран засилен развој. Од сабота до понеделник како резултат на зголемување на атмосферскиот притисок и формирање на висински барички гребен, ќе се задржи стабилно, суво и топло, со повеќе сонце и повисоки температури. Веќе од вторник 2 јули попладне, повторно претстојат нестабилни денови со грмотевици – вели Спиридонов.
ВИДЕОИНТРЕВЈУ | Проф. д-р Спиридонов: Нè очекува долго топло лето со локално невреме


