Проектот „Лендскејп експириенс“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е презентиран во Битола

Фотографија од видео за проектот „Лендскејп експириенс“

Изложбата „Лендскејп експириенс“ (Landscape Experience) на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, кои беа македонски претставници на 59. Венециско биенале на уметноста во 2022 година, на 16 декември, во 18 часот, ќе биде отворена во НУ Завод и Музеј Битола.

Комесар на изложбата е д-р Дита Старова Ќерими, а кураторки се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ Младенов.

Изложбата „Лендскејп експириенс“ е мултинаративен транстактичен проект кој на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.

Може ли убавото да биде истовремено и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена? Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се наоѓаат во проектот „Лендскејп експириенс“, кој ќе биде претставен и пред културната јавност во Битола.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 209, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17.12.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот