Продолжува растечкиот тренд на цената на нафтата

Северноморската нафта „Брент“, за испорака во јули ја зголеми цената за 1,5 % односно на 36,29 долари по барел.

Цената на нафтата на тргувањата на светските пазари денеска го продолжи растечкиот тренд и стигна до највисоко ниво од март.

Растот е поддржан од намалувањето на залихите во САД, но и поради намалената понудата од страна на ОПЕК, и опоравување на побарувачката после попуштање на мерките на ограничување на движењето во повеќе држави, кое беше предизвикано од коронавирусот.

Северноморската нафта „Брент“, за испорака во јули ја зголеми цената за 1,5 % односно на 36,29 долари по барел.

Американската „лесна“ нафта ВТИ, поскапе за 67 центи или за 2% повеќе, и сега изнесува 34,16 долари, известува Ројтерс. Од 11 март ова е највисока цена на „црното злато“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот