Апсење / лисици / Фото: МИА

Приведени сопственици на златара во Скопје – затаиле данок од над милион евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Беким Амети и Дурим Хоџа, сопственици и управители на златарата „Арѓира“ ДООЕЛ Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.

Според соопштението на Финансиската полиција, првопријавениот Амети, во периодот од 2020 до 2023 година, како сопственик и управител на правниот субјект, присвоил златен накит во вредност од 197.742.227 денари. Притоа не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 35.593.601 денар, како и данок на личен доход од 21.969.161 денар, со што нанел штета на буџетот на државата од 57.562.762 денари.

Второпријавениот Хoџа, во текот на 2024 година присвоил дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во вредност од 2.628.932 денари, како и сметководствено евидентиран кало-растур во износ од 22.659.754 денари. Со тоа избегнал да пријави и плати ДДВ од 4.551.963 денари и данок на личен доход од 2.809.573 денари, со што ја оштетил државната каса за дополнителни 7.361.536 денари.

Со преземените дејствија, пријавените во периодот од 2020 до 2024 година се стекнале со противправна имотна корист и го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 64.924.298 денари или 1.054.964 евра.

По насоки на Основното јавно обвинителство – Скопје, двајцата се приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот