Приведен малолетник во Битола, украл паричник од пензионер

Фото: Santeri Viinamäki / Wikimedia

Приведен малолетник во Битола откако ноќеска нападнал 68-годишен битолчанец и му одзел паричникот.

– Денеска, во 03.50 часот, во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при битолското СВР лишиле од слобода 16-годишен малолетник од градот заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво. Имено, малолетникот ноќеска, во 03.20 часот, на ул. „Партизанска“ во Битола физички го нападнал битолчанецот Д.С.(68) и му го одзел паричникот, информираат од МВР.

Малолетникот во присуство на родител бил приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.

– По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот