Тешко повреден 49-годишен маж кој со „голф“ излетал од патот Радовиш-Штип

Четириесет и деветгодишен маж е тешко повреден откако со „голф“ излетал од патот Радовиш-Штип.

„Вчера во 18.14 часот во СВР Штип било пријавено дена на регионалниот пат Радовиш-Штип патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(49) од с.Калуѓерица, радовишко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот