Приведен 50-годишен тетовец со над 1.100 парчиња пиротехника

Пред два дена беа запленети над 2.000 пиротехнички средства во Тетово, а приведени две лица. Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали. 

Тетовската полиција привела 50-годишно лице кај кого се најдени 1100 парчиња пиротехника во рамки на засилените контроли за сузбивање на ваквата продажба. Најголем дел од пиротехничките материјали биле петарди.

-На улица 146 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле З. К. (50) од Тетово, кај кого биле пронајдени и одземени 1116 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Пред два дена беа запленети над 2.000 пиротехнички средства во Тетово, а приведени две лица. Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот