Притворениот Јакимовски бара да се брани од слобода

Емил Јакимовски, порано вработен во Централниот регистар, кој е во притвор од 18 јануари, според психијатриското вештачење е способен да го следи судскиот процес против него.

Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне судењето против заканувачот Емил Јакимовски. Тој е обвинет за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство и за едно кривично дело загрозување на сигурноста по пат на информатички систем.

Судијката Џанета Бегтовиќ која го води овој предмет денеска рече дека од затворот „Скопје“ била известена дека во неговата ќелија затворската полиција пронашла телефон и СИМ картичка.

– Неговата здравствена состојба се менува, па затоа за неговата моментална состојба ќе се произнесе вешто лице кое ќе процени дали обвинетиот е способен да го следи текот на расправата – рече судијката  Бегтовиќ.

Во уводниот збор обвинетиот Јакимовски рече дека „во оваа медиумска хајка против него е успеано тој да биде избркан од работа од Централниот регистар“. Тој побара од судот да му овозможи да се брани од слобода. Главната расправа за предметот е закажана за 13 овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот