Притвор за арамија од Гевгелија

Српска полиција/ Фото: МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија започна истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека го сторилo кривичното дело тешка кражба.

Полицијата открила дека тој од 3 јануари до 24 мај, 12 пати извршил кражби. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични прилики, со провалување влегол во деловни и приватни објекти на 12 оштетени физички и правни лица од Гевгелија, Богданци и Валандово и одземал предмети со намера истите противправно да ги присвои. Делата ги вршел со насилно отворање врати или прозори на приватни и деловни објекти, од кои потоа одземал парични средства и предмети.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, односно дека осомничениот нема да биде достапен на органите на прогонот, а имајќи ја предвид тежината на стореното криивчно дело и запретената казна, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување на притвор за осомничениот. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија му определи притвор во траење од осум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот