Пристигна Корона – добредојде на паниката (ВИДЕО)

Новинарите од „Утрински брифинг“ ја коментраат моменталната состојба кај нас и во светот во врска со заразеите од коронавирусот. Илјадници нови случаи се пријавуваат секој ден. Сепак, аналитичарите веруваат дека вистинскиот обем може да биде 10 пати поголем од официјалните бројки.

Сега се појавија епидемии во Јужна Кореја, Италија и Иран, предизвикувајќи стравувања дека ова може да стане пандемија. Пандемија се прогласува кога една заразна болест истовремено се разгорува во различни делови на светот.

Во Европа секојдневно се пријавуваат нови случаи на заразени, Властите во Хрватска јавија за регистриран трет случај на заразен со коронаворус. Досега во земјата направени се 87 анализи, а сите сомнителни случаи се ставаат во излолација.

Во текот на вчерашниот ден и Грција пријави прв случај на заразен од корона во Солун. Медиумите пишуваат дека станува збор за 38-годишната жена која претходно престојувала во Италија.

Во Албанија досега нема констатирани позитивни случаи, а тестирани се 13 сомнителни. Случај со корона вирус се уште нема пријавено ниту Косово.

Медиумите во Германија пишуваат дека земјата е пред почеток на епидемија… Појавата на пет нови случаи на коронавирус во западниот и јужниот дел на земјата, со кои инфицираните во државата стануваат околу 20, властите го оценија како влегување на болеста во нова фаза.

Во Франција од почетокот на кризата со коронавирусот, потврдени се 17 случаи, 11 се излекувани, 4 се сè уште на болничко лекување и две лица се поинати.

Сепак најалармантно е во Италија каде бројот на смртни случаи се искачи 12, а бројот на заразени кои досега се регистрирани порасна на над 370 лица, меѓунив и шест деца.

Поголем дел од случаите произлегуваат од жариштето во округот Лоди, кој е во карантин. Случаи на корона беа регистрирани и во Романија, Швајцарија, Австрија и Шпанија. Во Австрија во текот на вчерашниот ден поради случаи на корона под карантин беа ставени два хотелски капацитети…

Училиште во Виена е ставено под привремена блокада откако кај наставничка се појавиле симптоми на новиот коронавирус. Во Шпанија стотина гости, сместени во хотел на шпанскиот остров Тенерифе ќе останат во изолација во следните 14 дена откако Кај еден од гостите, жител на Италија е потврден коронавирусот.

За потсетување првиот смртен случај на Европско тло од почетокот на епидемијата беше регистриран во Франција… Кинеска туристка почина од компликации од вирусот…

Во Јапонија, од Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд принцес“. Станува збор за 80-годишен маж. Јужна Кореја пријави 60 нови случаи на коронавирус, со што е зголемен вкупниот број на заразени лица во земјата на 893…

Ирак ги забрани сите јавни собирања и влез во земјата на патници од Кувајт и Бахреин од страв поради ширење на коронавирусот. На државјаните на Ирак им е забрането да патуваат во Кина, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, Сингапур, Италија.

Според статистиките на здравствените власти од целиот свет до сека од корона вирусот заразени се речиси 82 илјади лица… од нив 2771 лице починало, а 30 359 се излечени.

Во Кина од почетокот на епидемијата досега 1716 здравствени работници се заразиле со корона, а шестмина починале. Најголем број од овие случаи се во Вухан од каде што почна да се шири заразата.

За споредба во епидемијата на Сарс, која почна во Кина во 2002 година, починаа 774 од вкупно 8.098 заразени лица. Сегашниот вирус се чини дека засега не мутира. Но иако се чини дека е стабилен, ова е нешто што научниците будно ќе го следат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот