Принцот Вилијам: Извинете, јас и Кејт го шириме коронавирусот!

Принцот Вилијам се пошегува за коронавирусот за време на официјалната посета на Ирска.

Вилијам во Даблин се дружел со медицинскиот персонал и болничарите па во еден миг се пошегувал со еден од нив.

– Веројатно сите ви пристапуваат со „Имам коронавирус, умирам“, а вие велите „Не, само кашлате“ – се пошегувал Вилијам.

– Мислите ли дека во моментот сите се предраматични околу коронавирусот? Како медиумите да ја разгоруваат работата? – прашал, па се пошегувал и на своја сметка. „Всушност, војводата и војвотката од Кембриџ го шират вирусот. Извинете. Внимаваме на тоа, па кажете ни ако треба да престанеме“, рекол Вилијам.

И покрај коронавирусот, Вилијам и Кејт и понатаму ги извршуваат своите службени должности, а британските медиуми забележаа само една промена во кралското семејство предизвикана од вирусот – кралицата завчера му го врачи медалот на ветеранот Хари Билинге, носејќи ракавици.

Вилијам и Кејт, пак, не се придржуваат кон препораката да го избегнат ракувањето, па во Ирска биле видени како се ракуваат со десетици луѓе, пишува Дејли мејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот