Принцот Хари се закани со тужба на „Би-Би-Си“: Кралската сага продолжува

profimedia/epa-efe
profimedia+epa-efe

Принцот Хари се закани со тужба на „BBC“ откако медиумот имаше објавено вест дека тој и Меган „не ја прашале“ кралицата за дозвола да ѝ го дадат нејзиниот прекар како ново име на ќерката Лилибет.

Новата закана на принцот и неговата сопруга е уште една „битка“ против Британската кралска институција или поточно помеѓу нив и дворјаните на Бакингемската палата, кои никогаш по правило не треба да даваат изјави, дури ни анонимно без дозвола од кралицата.

Џони Димонд, кој е кореспондант за кралското семејство на „BBC“, цитираше неименуван избор од Бакингемската палата дека кралицата „не била консултирана“ во именувањето на нејзината правнука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Прекарот „Лилибет“ ѝ бил назначен на кралицата од нејзиниот татко Џорџ VI кога била млада девојка. Наводно, во овој период од нејзиниот живот, единствената личност која го користела прекарот да ѝ се обрати на кралицата бил нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина во април.

Но, по ваквата вест, принцот побарал од неговиот пријател и биограф Омид Скорби да ја објави и неговата страна од приказната.

„Извор од Сасекс изјави дека првиот повик по раѓањето на Лилибет бил кон кралицата во кој Хари споделил со неа дека парот се надева дека може да го искористи нејзниот прекар за да ѝ укаже чест. Ако таа не ја изразела нејзината поддршка, тие немало да го искористат името“, рече во твитер-објава Омид Скорби.

„Војводата зборуваше со неговото семејство пред објавата во јавноста, и баба му беше првиот човек на кој се јави“, се изјаснил принцот низ неговите адвокати, пренесува „Daily Mail“.

„Најверојатно се случил повик во кој кралицата добила информација дека планираат да го крстат бебето по неа – тоа не е нешто што човек може да го одбие. Се сомневам дека прашале, веројатно ја информирале“, изјави неименуван извор за „PageSix“.

Постојат реакции од двете страни. Многу од дворјаните и поддржувачите на круната мислат дека ваквиот чин е само обид на принцот Хари и Меган Маркл да ѝ се „додворат“ на кралицата по скандалозното интервју со Опра и дека е многу непристојно да го искористат интимниот прекар од нејзиниот сопруг кој почина во април.

Меѓутоа, поддржувачите на прицот и Меган, најавтентично веруваат дека името на нивната ќерка е само оддавање на чест на бабата и мајката на Хари, без тие задни намери на кои инсистира Бакингемската палата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот