Принцот Хари се возeше во двокатен отворен автобус низ Лос Анџелес

Принцот Хари навистина го одржа својот збор кога соопшти дека се повлекува од британското кралското семејство и должности.

Принцот Хари заедно со сопругата Меган Маркл и нивниот син Арчи се преселија во САД, со цел да самостојно да заработуваат и да водат помирен живот без камери. А поради пандемијата на коронависурите навистина не ги видовме во јавноста скоро една година.

Но, благодарение на водителот Џејмс Корден тоа се промени. Популарниот водител во својата емисија „Carpool Karaoke“ со години е домаќин на ѕвезди од јавната сцена, музичари, политичари, актери кои ги пеат своите омилени песни додека се возат во автомобил.

Instagram
Instagram

Џејмс сега успеа во својата емисија да го донесе и принцот Хари, вториот син на принцот Чарлс и принцезата Дајан, кој веќе некое време живее во Лос Анџелес.

Тоа беше идеална можност водителот да го покани принцот на возење низ Лос Анџелес со забавно караоке. Концептот на шоуто на Џејмс е следово, тој ги „собира“ своите познати гости со автомобил, по што заедно прават обиколка на градот, танцуваат и пеат пред камерите инсталирани во автомобилот.

Но, ваков специјален гостин заслужува посебен концепт, па екипата на шоуто овојпат изнајми туристички автобус за потребите на снимањето на оваа епизода.

Фото: *PREMIUM EXCLUSIVE* MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Иако шоуто сè уште не е прикажано на малите екрани и на каналот „Јутјуб“ на шоуто „Carpool Karaoke“, папараците сепак усепаја да го „фатат“ принцот низ Лос Анџелес.

Од фотографиите се гледа дека Џејмс и принцот Хари одлично се забавувале на снимањето, а според изворот на познатиот магазин „People“, бил ангажиран двокатен автобус без покрив, со цел да се задржат здравствените протоколи, да бидат на безбедно растојание и на отворено за време на возењето.

Фото: *PREMIUM EXCLUSIVE* MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Тие се пријатели со години и навистина убаво се забавуваа. Имаше многу шеги и смеа“, открил изворот.

Тие го обиколија Холивуд, а Џејмс му покажа на Хари некои посебни знаменитости. Тие, исто така, разговараа за животот на Хари во САД и за неговите тековни планови“, додаде изворот.

Хари на сетот бил со своето обезбедување, додека Меган Маркл и нивниот син Арчи не биле присутни.

Instagram
Instagram

Инаку, Џејмс Корден беше гостин на венчавката на Меган и Хари во 2018 година. Тој и Хари се долгогодишни пријатели, се познаваат повеќе од десет години, па логично е зошто Хари се согласил да биде гостин во неговата позната емисија.

Водителот успеа да се вози и запее со многу познати личности, вклучувајќи ја и поранешната прва дама Мишел Обама, додека заради снимање на шоуто со раперот Канје Вест беше изнајмен авион во кој им се придружи и хорот на раперот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот