Принцот Хари доживеал нервен слом во Канада?

Принцот Хари наводно доживеал нервен слом во текот на престојот во Канада, јавуваат американските медиуми. 

Според изворите, принцот Хари не можел повеќе да го поднесе притисокот кој кралските должности му го наметнувале на семејството, поради што наводно здравјето сериозно му било нарушено, па така тој неколку недели посетувал психијатар, а за сето тоа обвинета е Меган Маркл.

Американскиот таблоид „Globe“ објави вест дека член на британското кралско семејство доживеал „таен ментален слом“ за време на одморот и Божиќните празници.

instagram

„Принцот едноставно повеќе не можеше да гледа колку лошо се справува неговата сопруга со улогата на аристократка. Стравуваше дека Меган ќе го остави и ќе го земе нивниот син Арчи со себе. Сите тие околности си го земаа својот данок и во еден момент тој „пукна“, поради што со недели беше на терапија кај психијатар кој го посетуваше во вилата во Канада, за време на божиќните празници“, открил непознат извор, велејќи дека Меган тоа го искористила и го советувала дека ќе бидат многу посреќни, доколку едноставно, се откажат од кралските должности и се отселат од Велика Британија.

Други медиуми тврдат дека веста е лажна и го осудија овој чекор со кој очигледно намерата била да им се нанесе штета на Хари и Меган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот