Принцезата Дијана за време на бременоста од Чарлс криела голема тајна (ВИДЕО)

принтскрин

Додека британските и американските медиуми се фокусирани на Меган Маркл и нејзиниот тажен живот во британскиот дворец, животот на нејзината почината свекрва се уште не е во сенка.

Иако е почината повеќе од 20 години, за принцезата Дијана се пишува и денес, па така медиумите успеваат постојано да изнајдат нови тајни од нејзиниот живот.

принтскрин

Дејли Мирор сега пишува дека таа за време на втората бременост знаела дека носи момче, за штo Чарлс немал поим. Принцот, според наводите на медиумите, многу сакал девојче, па токму затоа Дијана не му кажала дека тој ќе добие втор син.

„Таа на ултразвукот видела дека ќе добие момче. Чарлс сакал две деца, едно момче едно девојче, па токму затоа Дијана не му кажала за полот на втoриот син, иако знаела. Тој силно се разочарал и од фактот дека бебето има црвена коса, а се наведува и дека и се пожалил на мајката на Дијана на денот на крштевањето на Хари дека тие очајнички посакувале девојче“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот