Принцот Вилијам се пошегува со Кејт: „Ни јас не знаев дека зборува италијански“
Принцот Вилијам откри дека бил изненаден од познавањето на италијанскиот јазик на неговата сопруга Кејт Мидлтон, кое таа го покажала за време на неодамнешната службена посета на Италија.
Препорачано
Принцот од Велс гостувал во британската радио-емисија „Харт брекфаст“, каде низ смеа признал дека ни самиот не знаел дека Кејт толку добро зборува италијански.
Водителката Аманда Холден коментирала дека принцезата зборувала италијански за време на посетата на Реџо Емилија, додавајќи: „Немав поим дека зборува италијански.“
„Всушност, ни јас“, одговорил Вилијам низ смеа.
Потоа се пошегувал и додал: „Изгледа го извлекла тоа од нафталин.“
Неговата изјава предизвикала смеа кај водителите во студиото.
За време на дводневната посета на Реџо Емилија, принцезата од Велс ги воодушевила присутните кога на италијански им се обратила на децата кои ја поздравиле пред градското собрание.
„Зборувам малку италијански. Како се викате? Јас сум Катарина“, им рекла таа, користејќи ја италијанската верзија од своето име – Catarina.
Кејт разговарала со децата на италијански и учела нови зборови, а многумина се прашуваа од каде го знае јазикот.
Според италијанските медиуми, принцезата првпат се сретнала со италијанскиот јазик уште во 2000 година, кога престојувала во Фиренца за време на својата едногодишна пауза пред студиите во Шкотска. Тогаш посетувала тримесечен курс по италијански јазик и историја на уметност.
Нејзината посета на Италија беше и прво официјално патување во странство откако во 2024 година ѝ беше дијагностициран рак.


