Принцот Ендру и Епстин наводно барале од егзотична танчерка да учествува во разни сексуални дејствија
Во новообјавени правни документи поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, се тврди дека тој и Ендру Маунтбатен-Виндзор, познат како принцот Ендру, наводно побарале од егзотична танчерка да учествува во „разни сексуални дејствија“ за време на забава во домот на Епстин во Флорида, објави Би-би-си.
Препорачано
– Според писмо од март 2011 година, кое е дел од најновата серија документи објавени во рамки на истрагата за Епстин, на жената и на други танчерки од стриптиз клуб во Вест Палм Бич им било понудено по 10.000 долари за настап. Тие биле однесени со лимузина во домот на Епстин, каде, според наводите, имало и други млади жени, од кои некои „изгледале како да се малолетни“ – пишува медиумот.
Во писмото се наведува дека по настапот, Епстин и принцот Ендру побарале тројка, што жената наводно го одбила, наведувајќи дека била ангажирана само да танцува. Сепак, според тврдењата, таа подоцна била убедена да се вклучи во сексуални дејствија, а од ветените 10.000 долари добила само 2.000.
Адвокатите на жената во тоа време понудиле случајот да се реши доверливо во замена за 250.000 долари, но не е познато дали било постигнато какво било порамнување. Жената не поднела тужба веднаш, наведувајќи дека не сакала јавно да зборува за настанот.
Принцот Ендру претходно беше обвинет од Вирџинија Џуфра дека сексуално ја злоупотребил кога била малолетна, тврдења што тој постојано ги негираше. Во 2022 година, тој постигна финансиска спогодба со Џуфра за да избегне граѓанска тужба, без признавање вина.


