Приказна која ќе ве „стопи“, ретриверот Сани се грижи за жителите во карантин, погледнете го во акција (ВИДЕО)

Во најтешки услови можат да се родат најнежни приказни, а во последните недели имаме доволно докази за тоа. На луѓето во последните години колективно никогаш не им било потешко од сега, но затоа на сила се, повеќе од било кога љубовта и заедништвото. 

Трогателни приказни не недостасуваат.

А оваа приказна, за кучето Сани, ги заобиколи светот преку социјалните мрежи. Откако снимката за златниот ретвривер кој им помага на жителите на цело село ја објави Си-Би-Ес, корисниците на социјалните мрежи воодушевено почнаа да ја споделуваат, а Сани стана вистински херој.

Поради панедмијата на коронавирусот која го забави, па и застана светот, цели градови и населби се најдоа во карантин. Највнимателни се, при тоа, оние кои спаѓаат во загрозената група, а токму на нив им е потребно најмногу помош во овие услови.

Но, како да им се пружи помош? Поради потенцијален пренос на вирусот од човек на човек, имавме прилика да видиме генијални начини на снаоѓање, дружење преку прозорските стакла и прошетки по соседните балкони. Но, ваква приказна која толку ќе ве разнежни, до сега, веројатно не сте виделе.

Да не е кучето Сани, пензионерите на гратчето Манито Спрингс во Колорадо не би ги добиле своите намирници. Особено му е благодарна Рене Хелман, госпоѓата која поради својата претходна здравствена состојба е сега врзана за помошниот респиратор. Еднаш неделно таа токму преку златниот ретвривер на соседите им ја подава својата листа со намирници кои ѝ се потребни, а потоа кучето, откако неговата сопственичка Карен Евелет ќе испазари, ги носи намирниците пред вратата на Хелман.

-Малите работи ме држат, од ден на ден. Една од нив е и Сани. Навистина се радувам на неговите посети, вели пензионерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот