Пригожин: Децата на елитата се сончаат во странство, а обичните Руси ги враќаат децата во ковчези

Фото: Телеграм / принтскрин

„Ние сме во таква состојба што би можеле да ја загубиме Русија. Тоа е главниот проблем. Мора да воведеме вонредна состојба“, изјави Евгениј Пригожин, шефот на приватната безбедносна група Вагнер во интервју на Телеграм. Пригожин во интервјуто кажа дека Украина ќе се обиде да го опколи Бахмут и да го нападне Крим.

Според него, Русија мора да се подготви за тешка војна и „ваквото сценарио не е добро за неа“, но и тврди дека во Русија би требало да се воведе вонредна состојба.

– Ако обичните Руси продолжат да ги враќаат своите деца во ковчези, додека децата на елитата се сончаат во странство, Русија ќе се соочи со превирања како револуциите од 1917 година кои доведоа до граѓанска војна – изјави Пригожин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот