Превирањата во Алијансата за Албанците продолжија со тупаници, нападнат Небиу директор на агенцијата за одземен имот

Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот Фото: МИА

Веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Собранието на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, во партиското седиште во Тетово, се случи инцидент меѓу приврзаниците на Зиадин Села и тие на Арбен Таравари.

Телевизија Клан дознава дека во ресторанот Седра во Тетово, поддржувачот на Арбен Таравари, Кренар Османи, со тупаници го нападнал Дритон Небиу, директор на агенцијата за одземен имот и кадар на Алијансата за Албанците, кој се спротистави на одлуката на Таравари.

Двата табора во Алијансата за Албанцитре ги влошија односите откако Арбен Таравари донесе одлука, да оди на избори со албанската опозиција, на што се спротивставија приврзаниците на Села останувајќи на ставот Алијансата за Албанците сама да оди на избори.

За да не оставам простор за да се манипулира јавноста Алијансата за Албанците не е нешто виртуелно таа е присутна тука, тука е тесното претседателство во седиштето, присутни се поголемиот број од ограноците. Вака претседателот на Собранието на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја започна прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово, по превирањата во партијата откако вчера лидерот на партијата Арбен Таравари на својот фејсбук профил напиша дека партијата ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт. Села смета дека некој сака да и зададе удар на Алијансата за Албанците.

Инаку на фејбук објава на Алијансата за Албанците стои дека откако претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

Претседателот на партијата Арбен Таравари синоќа објави дека АА ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Алијансата за Албанците ја поддржаа одлуката на Таравари за заеднички настап на изборите со албанската опозиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот