Претставување на новиот кум и здравичар за Бадник

Бадникари / Фото: Архива на Слободен печат

Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје” денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2022.

Тоа, како што најавија од Здружението, ќе биде и можност за запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 30-тата средба на 6 јануари 2022 година на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски”.

Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот