Претставниците на Шинејд О’Конор бараат од Доналд Трамп да не го користи нејзиниот хит на митинзи: „Би била згрозена и навредена“

Фото: Профимедиа / ЕПА

Претставниците на Шинејд О’Конор изјавија дека покојната пејачка би била „згрозена и навредена“ доколку знае дека нејзината популарна песна „Nothing Compares 2 U“ се користи на политичките собири на Доналд Трамп.

Во заедничко соопштение, претставниците на починатата ирска пејачка побараа поранешниот американски претседател „веднаш да престане да ја користи нејзината музика“.

Шинејд која почина минатиот јули на 56-годишна возраст, во соопштението се вели дека живеела според „морален кодекс“ и претходно го нарекла Трамп „библиски ѓавол“, пишува „Гардијан“.

„Добро е познато дека Шинејд О’Конор во текот на својот живот живееше со жесток морален кодекс дефиниран со чесност, добрина, праведност и пристојност кон својот ближен. Дознавме дека Доналд Трамп ја користел нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“ на неговите политички собири и бевме бесни. Не претеруваме кога велиме дека Шинејд би била згрозена, повредена и навредена доколку нејзината музика ја користи некој што таа самата го нарече ‘библиски ѓавол’. Како чувари на нејзиното наследство, бараме Доналд Трамп и неговите соработници веднаш да престанат да ја користат нејзината музика“, се вели во соопштението.

Нејзината верзија на „Nothing Compares 2 U“ помина неколку недели на првото место во Обединетото Кралство во 1990 година, а пејачката се издигна „до ѕвездите“.

Пејачката родена во Даблин беше позната и по тоа што беше отворена за нејзините проблеми со менталното здравје и се вели дека помогнала да се промени Ирска поради нејзините критики кон Католичката црква. Претставниците на О’Конор не се единствените кои бараа од Трамп да не ја користи нивната музика за неговите политички кампањи, меѓу останатите уметници се Џони Мар, Ријана, Нил Јанг од „Смитс“, „Линкин парк“, покојниот Том Пети и фронтменот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер.

Пејачката Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот