Претседателот на Кривичен со поддршка за судските службеници (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

И претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев, дојде на протестот на судската администрација кој се одржува пред Граѓанскиот суд, кој вели дека дава максимална поддршка, бидејќи станува збор за највредните работници во државата.

Судската управа дојде да даде поддршка за барањата на судските службеници.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Сметам дека залужуваат повисоки плати односно повисоки примања. Станува збор за највредните службвеници во државата. Станува збор за највредните службеници во државата, заедно со здравствените работници и со просветните работници. Сметам дека треба и судските административци по разни основи да имаат поголеми примања, бидејќи многу работат и имаат стресна работас. Не гледам проблем во судско –буџетскиот совет, ние ги поддржуваме нивните барања. Очигледно е дека во минатото во неколку наврати се зголемени платите на судските службеници, што е за поздрав и верувам во иднина ќе има таква тенденција- вели претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Доколку нема покачувања и судската администрација излезе на протест и се блокира судството, претседателот на судот истакна дека, законски е предвидено брзо да се постапува по итни притворски случаи, само одредени предмети ќе трпат одреден застој.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

-Законот предвидел како се постапува во итни случаи, притворските предмети, секако дека нема да трпат, како во здравството, операциите ќе се одвиваат, предметите ќе си се судат, оние кои не се итни ќе трпат одреден застој. Меѓутоа да не претпоставуваме во иднина, верувам дека ќе се изнакјдат решенија и платите ќе се зголемат- рече Џолев.

Со одлука на Судскиот буџетски совет додатоците на плата за судиите се зголемени за 10 проценти, а за судската администрација и помошно-техничкиот персонал за пет проценти.

Пеце Грујоски претседателот на УПОЗ пред Кривичен го искажа своето незадоволство.

-Ова денеска е протест на судската служба, во знак на револ на самоволието на Судскиот–буџестки совет, за кој имаме огромен број забелешки. Ова е последна опомена за Судскиот-буџетски совет, бидејќи денска сите судови во Македонија се излезени на протест- рече Грујоски.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот