Претседателот на Израел прими трета доза вакцина против Ковид-19

Претседателот на Израел, Јицак Херцог и неговата сопруга Михал денеска меѓу првите примија трета доза од вакцината против Ковид-19, откако синоќа беше најавено дека еврејската држава прва во светот ќе ги имунизира лицата над 60 години со трета доза.

Одлуката за третата доза е донесена во екот на напорите да се запре најновиот бран на инфекција со коронавирус и дневно зголемување на бројот заразени на повеќе од 2.000 луѓе. Пред еден месец, дневно беа регистрирани само десетици нови случаи.

Израелските медиуми наведуваат дека третата доза може да го спречи растот на бројот на заразени лица, но исто така ќе спречи тежок облик на болеста кај повозрасните луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот