Претседателот на Израел: Хамас планирал да користи цијанид во напад против израелски цивили

Израелскиот претседател Исак Херцог

Израелскиот претседател Исак Херцог вечерва го обвини Хамас дека планирал да употреби цијанид против израелските цивили за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври. Тој им покажа на новинарите на Скај њуз материјал извлечен од УСБ-уред за кој тврдеше дека му припаѓал на еден од убиените милитанти на Хамас во Израел.

Содржината на УСБ-уредот наводно била копирана од терористичката Ал Каеда и содржела, рече Херцог, „детални инструкции за тоа како да се направи хемиско оружје“, вклучително и „прецизни упатства за подготовка на уред за растурање цијанидни агенси“.

„Ова е материјал што е пронајден на опремата на телото на еден од тие садистички негативци. Тоа е материјал на Ал Каеда, официјална Ал Каеда. Кога имаш работа со Исламска држава, Ал Каеда и Хамас, со ова си имаш работа. Овој материјал, исто така, содржеше инструкции како да се направи хемиско оружје“, додаде Херцог, објави „Тајмс оф Израел“.

Херцог ги посети и семејствата на киднапираните, кои Хамас ги држи како заложници, велејќи дека Израел прави се за да ги врати назад. На средбата, која траела 90 минути, биле присутни околу 80 семејства, а Херцог се појавил со сопругата Михал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот