Претседателот на Австрија согласен со Макрон во врска со безбедноста во ЕУ и ситуацијата со НАТО

Фото: Принтскрин

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, изјави дека се согласува со ставот на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со безбедноста во Европа и состојбата во НАТО.

Тој по состанокот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во Виена рекол дека за ЕУ е тешко да донесе единствена одлука во врска со надворешната политика, бидејќи е потребно да се усогласи ставот на сите 28 земји, а не само со одобрување на еден претседател.

– Во главно е потребно доста време за усогласување на мислењата. Некогаш саркастично се шегував за тоа гледајќи ја политичката структура на ЕУ – истакнал Ван дер Белен.

Дер Белен нагласил дека Макрон е во во право во врска со многу прашања, при изнесувањето на „дијагнозите за НАТО“, во интервјуто за магазинот „Економист“, кога францускиот лидер рече дека Алијансата доживеала „мозочна смрт“, пренесе ТАСС.

– Ќе учествуваме во други дискусии во обид да го најдеме патот за излез од оваа ситуација – додаде австрискиот претседател.

Изјавите на Макрон за НАТО наидоа на критики од страна на германската канцеларка Меркел и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот