Претреси за примање и давање поткуп поврзани со Пеце Мирчески
Во тек се претреси за обезбедување на докази за примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење во Службата за општи и заеднички работи на Владата, потврдуваат од Основното јавно обвинителство.
Препорачано
Неофицијално претрес се вршел и кај поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески кој ја обавуваше функцијата во време на СДСМ.
-Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР – соопштија од Обвинителството без да потврдат дека претреси се вршат во домот кај Мирчески.
Освен оваа акција, во тек е и друга акција во Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР.
-Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР – велат од Министерството.


