Претепан и ограбен фудбалерот на Тотенхем, Деле Али!

фото: твитер

Разбојници со ножеви го нападнаа англискиот репрезентативец кој играше билијард со пријателите во неговата куќа..

Како што пренесуваат британските медиуми, еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем претрпе голема траума.

Разбојници го нападнаа Деле Али, го претепаа и му ги украдоа неговите предмети, со материјална штета од два милиони фунти.

 

Според „Сан“ сè се случило во ноќта помеѓу вторникот и средата, кога Али играше билијард со своите пријатели во неговата куќа.

Разбојниците провалиле во домот на Али со ножеви и во неколку наврати удирале во главата на играчот на Тотенхем, како и еден од неговите пријатели, додека другите избегале. Деле Али според информациите се чувствува добро, со помали повреди на лицето.

Крадците прво украдоа два часовници на Али, а потоа и накитот на неговата девојка Руби. Полицијата веднаш дојде на местото, но засега нема траги што би ги одвело до сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот