Професор на Факултетот за безбедност - Златко Димовски -Фото - Слободен печат / Методи Здравев

ПРЕСВРТ | Златко Димовски: Поткупливост има, ама никој не пријавува

Безбедносната состојба во државата е стабилна и граѓаните не треба да стравуваат. Но, за да се направи детална проценка на безбедноста, мора да се нагласи дека се работи за сложен процес кој вклучува повеќе сегменти за да се добие целосна слика. Она што загрижува и фрла сенка врз безбедноста на државата е проблемот што се саботира самиот систем. Причина за ваквата состојба е корупцијата, криминалитетот и свеста и навиките на граѓаните дека со поткуп може да се заврши работата во институциите. Додека тоа не се промени, граѓаните ќе бидат изложени на несигурност – вели професорот на Факултетот за безбедност од Скопје Златко Димовски во програмата „Пресврт“ на „Слободен печат“.

– Корупцијата, криминалот, но и некои сегменти на тероризмот и неговите активни ќелии во регионот, но и кај нас се можеби најголемата закана за безбедноста на граѓаните во државата. Понатаму, сериозен проблем за државниот и безбедносниот апарат е и опстанокот, односно неуспехот на системот – вели Димовски.

Според него, некако стана пракса да се зборува дека некој нешто украл, а ние немаме докази за истото.

Да им обезбедиме докази за да видиме за што се залага хорот. Сè додека не се утврди сторителот на наводниот криминал во земјава, граѓаните ќе живеат во тензија која ги прави несигурни. Затоа институциите мора да работат агилно и убеден сум дека имаме капацитет тоа да го оствариме. Но, за тоа да стане пракса, реално ќе треба многу време и напорна работа – оценува професорот Димовски и додава дека во моментов на граѓаните на Македонија не им се заканува некаков безбедносен ризик што може да дојде однадвор.

Повеќе од разговорот со Златко Димовски можете да погледнете во видеото и емисијата Пресврт на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот