Пресуда на Граѓанскиот суд Скопје: Слаѓана Тасева е одговорна за клевета кон ГСОЛ и „Еуроникел Индустри“

Фото АРхива

Претседателката на Здружението „Транспаренси интернешнал – Македонија“, Слаѓана Тасева, е одговорна за клевета кон ГСОЛ и „Еуроникел Индустри”, пресуди Основниот граѓански суд Скопје.

Според пресудата, Тасева на прес-конференција одржана на 25 април во 2018 година изнела невистинити искази во однос на стечајната постапка на поранешниот комбинат „Фени”, кои се однесувале на ГСОЛ и „Еуроникел Индустри”, со намера да наштети на нивната репутација.

Согласно судската одлука, направена е штета по угледот на новиот инвеститор, па затоа Тасева се задолжува јавно да ја објави споменатата пресуда во некој од дневните печатени изданија, со цел минимизирање на причинетата репутациска штета.

Од друга страна, Судот цени дека нема прекршок од страна на организацијата „Транспаренси Интернешнал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот