Престолонаследникот на Кувајт го назначи својот син на премиерската функција во емирот

Шеик АЛ Сабах Фото МИА

Шеикот Ахмад Наваф ал-Сабах, синот на престолонаследникот на Кувајт денеска е назначен на премиерската функција, на местото на Сабах Ал-Калид кој не ја доби поддршката во парламентот во спорот меѓу властите и Собранието кое се спротивставува на фискалната реформа.

Престолонаследникот шеик Мешал ал-Ахмад ал-Сабах, кој на крајот на минатиот месец презеде поголем дел од должностите владетел на емирот Кувајт, со декрет го именуваше Ахмад Наваф ал-Сабах на премиерската функција и побара од него да го формира новиот кабинет.

Престолонаследникот минатиот месец реши да го распушти Парламентот и најави декрет за предвремени избори, што беше поздравено од пратениците на опозицијата кои вршеа притисок врз принцот да назначи нов премиер.

Политичката стабилност на емирот Кувајт, што е производител на нафта, член на ОПЕК и сојузник на САД, традиционално зависи од соработката меѓу владата и парламентот, најстарото и најактивно законодавно тело во арапските земји од Заливот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот