Фото: Ракометна Федерација на Македонија

Премија од два милиони денари за секоја победа на ракометарите на Европското првенство

Ракометна Федерација на Македонија е со нашите најдобри ракометари пред новиот европски предизвик – со тим кој не го поврзува само дресот, туку и заедничката љубов кон ракометот и Македонија.

Играњето за репрезентацијата е чест, но и огромна одговорност. Од федерацијата се убедени дека нашите ракометари ќе настапат со мирна глава, силна мотивација и максимална посветеност на Европското првенство што од 15 јануари до 2 февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Континуитетот на настапи на големите натпреварувања е доказ за сериозна работа, истрајност и македонско срце.

Во соработка со Министерството за спорт, ќе биде обезбедена премија од два милиони денари за секоја победа, како и дополнителни два милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на ЕП се во групата Б, натпреварите од прелиминарната фаза ќе ги играат во данскиот град Хернинг.

Првиот меч ќе го имаат на 16 јануари против Данска (20.30 часот), два дена подоцна ќе се соочат со Португалија (18.00 часот), а на 20 јануари ривал е селекцијата на Романија (18.00 часот).

Играјте храбро и со срце – Македонија е со вас.

РФМ и Триглав Осигурување Живот АД Скопје започнуваат партнерска соработка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот