Премиерот на Шведска поднесе оставка

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен/ Фото Архива на Слободен Печат

Шведскиот премиер од левиот центар Стефан Лофвен денеска официјално поднесе оставка, отворајќи го патот за министерката за финансии Магдалена Андерсон да стане првата жена-премиер на земјата доколку успее да добие одобрение од парламентот, пренесува Ројтерс.

Лофвен ја предводеше малцинската коалиција со Зелените од 2014-та година, а претходно оваа година рече дека ќе се повлече пред следните општи избори, кои треба да се одржат во септември 2022 година.

Андерсон минатата недела го замени Лофвен како лидер на социјалдемократите и најверојатно ќе биде првиот избор на претседателот на парламентот за формирање нова влада.

„Имаме избори за едвај една година и важно е да имаме брзо предавање. Мислам дека гласачите сакаат ова да помине без проблеми.“ изјави Лофвен,

Ќе биде ли Андерсон првата жена премиер на Шведска?

Останува нејасно дали Андерсон има доволно поддршка за да стане лидер на скандинавската земја, а наредната недела би можело сето тоа да се дознае.

Нејзе не ѝ треба мнозинство во парламентот од 349 места за да ја поддржи како премиер. Но, таа мора да избегне мнозинството да гласа против неа.

Но, на Андерсон сè уште ќе и треба барем пасивна поддршка од поранешната комунистичка партија Левица, чиј водач, Нооши Дадгостар, побара да ја опише нејзината политика.

Ако парламентот не ја прифати Андерсон, спикерот најверојатно ќе побара од лидерот на Умерената партија Улф Кристерсон да се обиде да формира влада. Тој е поддржан од популистичките, антиимиграциски Шведски демократи, партија која и Центарот и левицата сакаат да не влијаат врз политиката.

„Партијата Левица мора да сфати дека ќе има нова влада и прашањето е која ја сакаат? – рече Лофвен.

Лофвен ќе ја води техничката влада додека не биде поставен нов премиер.

Шведска на пат да ја добие првата премиерка на земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот