Премиера на пиесата „Поштарот“ ќе биде изведена во Штип

Во продукција на Дом на млади – Штип и со поддршка од Министерството за култура на 17 мај премиерно ќе биде изведена пиесата „Поштарот“ од Трајче Кацаров.

За време на ручекот што Даница го подготвила по повод пензионирањето на нејзиниот маж – Поштарот, се појавува човек што наполно го менува животниот ритам на брачната двојака. По половина деценија заеднички живот, Даница се запознава со вистинскиот лик на својот маж – Поштарот.

Во претставата играат Благој Чоревски – Чоре како Поштарот, Марија Кондовска во ликот на Даница и Игор Ѓеорѓиев како Дојденецот.

Приказната е семејна. Зборува за алиенацијата, за брачната отуѓеност. Зборува за тоа колку се познаваме иако со децении делиме иста брачна постела. Виновен за тоа е тајниот живот. Животот што, можеби, го живееме под диктат на неостварените соништа.

– „Каде има тајна, нешто не е токму“ – напишал философот Карл Јасперс. Има ли нешто што не е токму во животот на Поштарот? Тоа е прашање за неговата жена и за дојденецот. А, по сѐ изгледа дека е и прашање за Поштарот. Она што треба да биде како порака е: Ако откривањето на тајната е болно, тогаш чувањето е лек за здрав живот – посочува авторот на текстот, Трајче Кацаров.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 128, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот