Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Преку „Сејф сити“ да се казнува и фрлање ѓубре и отпушоци од коли – „За почиста Македонија“ поднесе петиција

„1.000 потписи! Едно големо браво до сите! Преку 1.000 од вас ја поддржаа петицијата за унапредување на „Сејф Сити системот“ – ова денеска го објави граѓанската иницијатива „За почиста Македонија“, чии претставници ја доставија до Владата и Министерството за внатрешни работи петицијата со која се предлага да се разгледа можноста камерите од системот „Сејф сити“ да бележат и казнуваат фрлање отпад и отпушоци од возила.

„Заедно сме погласни. Очекуваме да нè чујат и будно следиме за одговор“, соопштија од „За почиста Македонија“.

Тие претходно побараа од граѓаните да се потпишат, бидејќи, како што рекоа, прво е еколошкото загадување.

„Отпушоците се најчестиот вид отпад пронајден по улици, тротоари и покрај патишта. Еден отпушок содржи токсични материи како никотин, олово, арсен и стотици хемикалии што ја загадуваат почвата и водата. Потребни се и до 10 години за целосно да се разградат, а микро-пластичните влакна од филтерот завршуваат во земјата и реките“, стои во петицијата.

Меѓу аргументите за бараните измени се и тоа што фрлањето отпушоци е сериозна закана за јавната безбедност, односно за предизвикување пожари.

„Со оглед на тоа дека камерите на „Сејф сити“ веќе препознаваат минување на црвено светло, неправилно паркирање, пребрзо возење и слично, системот може да се надгради со алгоритам за детекција на фрлање предмети од возило, практика која веќе ја има во повеќе европски земји и градови. Ова е реално изводливо, без големи дополнителни трошоци“, се вели во петицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот