Прекинат мечот во Чаир, нападнати тренерите и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Фото: МЗТ Скопје

За денеска беше закажан натпреварот од 20 коло во Првата македонска кошаркарска лига во Чаир помеѓу екипите на Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром.

Овој меч во салата „Шабан Трстена“ не го доживеа својот крај, дојде до прекин при резултат 42:44 водство за „металците“.

КК МЗТ Скопје Аеродром ја информираше јавноста дека до прекинот дојде по нападот на неофијалница лица врз тренерите и кошаркарите во соблекувалната на актуелниот шампион.

Натпреварот на гостински терен кај КК Чаир 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето.

Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден! – се вели во краткото соопштение на КК МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот