Прегазено седумгодишно дете во Гостивар

Седумгодишно дете со тешки повреди е пренесено на скопските клиники, откако на него налетало возило при обид да премине улица во Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека денеска во 12 часот и 10 минути, е пријавена сообраќајна несреќа на улица „101″ во Гостивар. Од првичните информации, патничко моторно возило „форд С макс” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот гостиварец З.З. удрило во 7-годишно дете (пешак). Во незгодата, детето се здобило со тешки телесни повреди и првин е пренесено во гостиварската болница „Ферид Мурад” за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот