Предупредување во Јапонија: Подалеку од брегот, можни се нови земјотреси во текот на неделата
Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,4 степени е пријавен во северна Јапонија, објави Јапонската метеоролошка агенција, додавајќи дека потресите ќе продолжат во текот на целата недела. Земјотресот се случи во 15:02 часот по локално време по серија потреси со магнитуда од 3,5 до 4,5 степени според Рихтеровата скала, објавија светските медиуми.
Препорачано
Повеќе граѓани пријавија посилни потреси во североисточна Јапонија, со умерени потреси во Нагасаки, Вакајама, Токио и Ниигата. Според веб-страницата на агенцијата, граѓаните треба да бидат во готовност, да се држат подалеку од брегот и големите водни површини и дека потресите ќе продолжат во текот на целата недела.
Земјотрес со магнитуда од 7,5 степени се случи утрово во близина на Санрику на североисточниот брег на Јапонија со длабочина од 19 километри. Околу 100 домаќинства останаа без струја.
Јапонските медиуми објавија дека не се откриени неправилности во нуклеарните централи во префектурите Аомори и Мијаги, како и во електраната Фукушима Даини, објави Би-Би-Си.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Јапонија потврдила дека нема протекување во нуклеарните постројки по земјотресот.
Во 2011 година, катастрофален земјотрес предизвика топење на јадрото во нуклеарната централа Фукушима Даичи на источниот брег на земјата, по што властите се соочија со години радиоактивна контаминација.


