Предоцна или не: Фенер во игра за Несторовски!? (ФОТО)

EPA/CORRADO LANNINO

Според најавите веќе е познато дека Удинезе ќе биде новиот предизвик од наредната сезона за македонскиот репрезентативец Несторовски.

За неговиот потпис како што пренесуваат турските медиуми се наоѓа и Фенербахче, но се поставува прашање да турскиот великан предоцна го сврте вниманието кон нашиот играч?

Несторовски (29) од 2016 година имаше 99 настапи и 39 голови за тимот на Палермо. Во клупската кариера беше дел уште од Победа, Словачко, Викторија Жижков, Металург и Интер Запрешиќ.

Исто така се очекува Елиф Елмас наскоро и официјално да си замине од Фенербахче и наредниот период потпише за Наполи.

Како што и официјално клубот соопшти, нашиот „Дијамант“ не се наоѓа меѓу имињата патниците кои што ќе бидат дел од кампот во Австрија каде што летово ќе се подготвуваат играчите на Фенер за новата сезона.

А како што и објавуваат и коментираат фановите на социјалните мрежи, Елмас му кажал веќе „збогум“ на својот досегашен клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот