Де Лаурентис потврди: Елмас доаѓа во Наполи! – Слободен печат
СпортФудбал

Де Лаурентис потврди: Елмас доаѓа во Наполи!

Наскоро очекуваме македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ова лето да го напушти Фенербахче и се пресели во редовите на Наполи.

Ова веќе долго се најавува, се чека само денот кога Наполи и официјално ќе објави дека Елмас е нивни фудбалер.

Вечерва претседателот на клубот од „Сан Паоло“, Аурелио Де Лаурентис потврди дека оваа недела го очекува нашиот фудбалер.

Првиот човек на италијанскиот вицешампион вечерва зборуваше за „ТВ Луна“ за Џејмс Родригез, а потоа и говореше за „Радио Кис Кис“.

Запрашан дали оваа е таа недела кога Марко Рог ќе го напушти Наполи и Елмас пристигне од Фенербахче, тој одговори:

– Да, тоа е вистина – беше одговорот на претседателот на Наполи.

Да додадеме уште дека има намера да го доведе Родгигез од Реал Мадрид на позајмица со опција за откуп на договорот на Колумбиецот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close